8. Ве молиме да го опишете системот за обука на полициските службеници. Кои институции и програми за обука постојат (училишта, содржина на обуката, целни групи, мрежи на знаење, посебни вештини)? а)Основна обука за полицаец б) Специјална едукација и обука в ) Полициски менаџмент обука Учебный сайт
Учебные материалы


8. Ве молиме да го опишете системот за обука на полициските службеници. Кои институции и програми за обука постојат (училишта, содржина на обуката, целни групи, мрежи на знаење, посебни вештини)?



бет25/51Дата02.05.2016өлшемі6.72 Mb. 1 ... 21 22 23 24 25 26 27 28 ... 51

  • Основна обука за полицаец Содржината на обуката
  • Како посебни вештини се изучуваат
  • Целна група
  • Основна обука на гранична полиција ( во траење од 3 месеци) Содржината на обуката
  • Посебни вештини: Одбранбени полициски техники Информатика Целна група
  • Менаџмент обука на гранична полиција
  • Посебни вештини: Техники на примена полицициски овластубања Информатика Целна група

:


8. Ве молиме да го опишете системот за обука на полициските службеници. Кои институции и програми за обука постојат (училишта, содржина на обуката, целни групи, мрежи на знаење, посебни вештини)?

Полициската академија е високообразовна државна установа од областа на безбедноста.

На Полициската академија се образуваат кадри за потребите на МВР и други органи, установи и правни лица кои вршат дејност од областа на безбедноста.

Полициската академија врши образование за:



  • Стекнување високо образование;

  • Стекнување стручен степен – специјалист

  • Стекнување научен степен – магистер

  • Стекнување научен степен –доктор на науки

  • Стручно образование и обука на лица со веќе стекнат степен на образование во други образовни институции:

  • Основно полициско образование и обука

  • Специјално образование и обука

  • Образование и обука за раководење во подрачја на безбедноста (менаџмент во безбедноста).

Дејноста на Полициската академија се остварува на две образовни нивоа: високо образование и континуирано образование.

Високото образовната дејност ПА ја врши како: додипломски и последипломски (стручни и научни) студии.

Додипломските студии се организираат како четиригодишни студии и се остваруваат врз основа на студиски и предметни програми.

Организационата структура на високото образование на ПА ја претставуваат /сочинуваат шесте катедри: катедрата за криминалистички науки, катедрата за полициски науки, катедрата за кривично правни и криминолошки науки, катедрата за безбедносни науки, катедрата за безбедност во приватниот сектор, катедрата за општествено-политички и правни науки

Во четвртата студиска година предвидени се четири насоки: криминалистичко-криминолошка насока, безбедносна насока, насока-безбедност во приватниот сектор и полициско оперативна насока. Во рамките на овие насоки студентите се обучуваат за борба против одредени видови криминал како што се: организираниот криминал, комјутерскиот криминал, тероризмот, сообраќајниот криминалитет, малолетничката делинквенција, еколошкиот криминалитет, економско-финансискиот криминалитет.

На Академијата студентите се обучуваат по следниве академски способности: информатика,странски јазик,македонски јазик и култура и специјално физичко образование.

Како вонредни студенти на Академијата, мeѓу другите, можат да се запишат и полициски службеници кои сакаат да се стекнат со високо образование.

Согласно студискиот програм на Полициската академија се образуваат стручни кадри со висока школска спрема во областа на криминалистичките, безбедносните и полициските науки за потребите на МВР и други институции кои ги покриваат овие области.

Покрај додипломските студии ПА ќе организира и последипломски научни студии (магистерски студии) во траење од две години и последипломски стручни студии ( специјалистички студии ) во траење од една година чии програми ќе бидат дизајнирани за обучување/тренинг во борбата против одредени видови криминал.

На Академијата може да се стекне и научен степен доктор на науки.

На Академијата се остварува и континуирано образование за лица со веќе стекнат степен на образование преку спроведување на основна обука за полицаец, специјална обука и обука за раководење во подрачјето на безбедноста ( менаџмент во безбедноста).



а)Основна обука за полицаец

Основната едукација и обука за полицаец се однесува за лица кои се вработуваат во МВР без предходно полициско искуство за работни места со посебни должности и овластувања.

Основната обука за полицаец трае една година, од кои три месеци се предвидени за практична обука на терен.

б) Специјална едукација и обука

Специјалната обука и едукација се однесува за лица кои се вработени во МВР, со предходна завршена основна полициска обука, работно искуство ипокажани резултати во работата. Во зависност од видот на работата и сложеноста на работните задачи, со посебни наставни програми се организираат специјални обуки за борба против одреден вид на криминалитет и социо-патолошки појави.

Оваа обука трае зависно од нејзината содржина но не подолго од 12 месеци.

в ) Полициски менаџмент обука

Полицискиот менаџмент едукација и обука се однесуваат за лица кои се вработени во МВР и служи за нивно понатамошно оспособување во областа на раководењето и управувањето со полициските структури и односи. Оваа обука трае зависно од нејзината содржина/програма но не подолго од 12 месеци.

На Полициската академија во Скопје се реализираат курсеви за:

Основна обука за полицаец



Содржината на обуката

може да се групира во следниве наставни области:

  • Полициска работа во демократското општество со правна регулатива

  • Полициско постапување со правна регулатива

  • Криминалистика со криминологија

  • Општообразовни содржини (македонски јазик и правопис, странски јазик, информатика, телекомуникации и прва помош)

  • Актуелни теми во функција на подобрување на полициската работа



Како посебни вештини се изучуваат:



  • Одбрамбени техники (самоодбрана) со општа физичка подготовка и тестирање на способности

  • Ракување со оружје, стрелање и логорување

  • Практични вежби и теренска обука

  • Странски јазик

  • Информатика



Целна група:

лица со завршено средно училиште ( до 25 години старост) приправници во МВР кои по успешно завршување на обуката би продолжиле да работатс во МВР како компетентни полициски службеници.

Основна обука на гранична полиција ( во траење од 3 месеци)



Содржината на обуката

може да се групира во следниве наставни области:

  • Општа полициска подготовка

  • Правно-криминалистичка област

  • Полициско постапување

Посебни вештини:



  • Одбранбени полициски техники

  • Информатика

Целна група

: лица со завршено средно училиште кои се веќе вработени во АРМ а се обучуваат за полициски службеници за гранична полиција.

Менаџмент обука на гранична полиција

( во траење од 3 месеци)

Содржина на обуката

: стекнување основни знаења од полициските, правните, криминалистичките, менаџерските и на нив слични области од страна на старешинскиот персонал на регионалните центри на граничната полиција за да се оспособат како компетентен полициски кадар за вршење на полициските и раководните работи во обезбедувањето на државната граница

Посебни вештини:



  • Техники на примена полицициски овластубања

  • Информатика



Целна група

: припадници на АРМ – Гранична бригада кои се обучуваат за високи раководни полициски службеници за граничната полиција.

Полициската академија е членка на Европската асоцијација на полициски колеџи.

На регионален план соработува со Полициските академии од регионот , како и пошироко со Полициските академии од Холандија , Турција и Естонија во правец на размена на искуства, , размена на наставен кадар и студенти, реализација на проекти и др.


Карта сайта

Последнее изменение этой страницы: 2018-09-09;



2010-05-02 19:40
referat 2018 год. Все права принадлежат их авторам! Главная